ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА СЛАВНАТА ТРКА НА ИЗДРЖЛИВОСТ

Дали Ле Ман може да биде среќeн за Тојота?

Тојота повторно е фаворит за победа на легендарната трка „24 Часа Ле Ман" овој викенд, дури и пред Камуи Кобајаши да го сруши рекордот на квалификациите, меѓутоа неизвесноста е дел од спектаклот на патеката Сарт

објавено: 17 јуни 2017 - 11:00

Денеска во 15 часот, шефот на Ф1, Чејс Кери ќе означи старт на 85. издание на француската класика, на која Тојота има историја на спектакуларни порази. Само еден јапонски производител (Мазда во 1991 година) победил во Ле Ман, а Тојота беше во фантастична позиција да го сруши „проклетството“ лани, пред во последниот круг Јапонецот Казуки Накаџима да застане, и да им препушти на Порше 18-та победа на трката. Накаџима во 2014 година исто така водеше пред да се откаже и Ауди да биде победникот.

Порше се главните ривали на Тојота за победа на трката, бидејќи нивните два автомобили се во вториот ред со трето и четврто место. Порше има две победи во низа, а во тимот ги имаат и претходните пет победници. Меѓу другите 60 учесници на трката тука е поранешниот Ф1-возач, Рубенс Барикело, кој дебитира во трката со Далара ЛМП2 автомобил, како и екс-шампионот од Инди Кар, Тони Канан, кој ќе го замени повредениот Себастиен Бурде во Форд ГТ.

Најново во Авто-мото