ХЕТ-ТРИК ЗА ГЕРМАНСКИОТ БРЕНД

Порше со драматична победа на 24 Часа Ле Ман

Порше ја обезбеди својата 19. победа на легендарната трка 24 Часа Ле Ман по многу драми и откажувања, за на крајот да победи автомобили од ЛМП2 класата за трета победа во низа на патеката Сарт

објавено: 18 јуни 2017 - 15:12

Во трка во која само два од ЛМП1 најсилната класа стигнаа до финишот, на крајот славеше Порше број 2 со Тимо Бернхард, Брендон Хартли и Ерл Бамбер, иако ова не беше сигурно откако нивниот автомобил во четвртиот час од трката помина речиси цел час во гаражата.

На второто место беше бројот 38 на ДЦ Рејсинг Орека тимот на холивудската ѕвезда Џеки Чен со Оливер Џарвис, Хо-Пинг Тунг и Томас Лорент, автомобил кој беше во водство кога првото Порше се откажа во 21. час од трката со проблеми со притисокот со масло. Подиумот го комплетираше втор ЛМП2 автомобил, бројот 13 на Ребелион Орека со Нелсон Пике Јуниор, Давид Хајнемаер Хансон и Матијас Бехе.

Во финишот на трката, Бернхард успеа да го стигне Тунг со просек од 13 секунди по круг, за да го помине на 1 час и 6 минути пред крајот на трката.

Тојота имаше нов Ле Ман за заборав, откако сите нивни автомобили се откажаа во првите 12 часа од трката.

Најново во Авто-мото