МАЛКУ ДРАМА, НО БЕЗ ПРЕТЕКНУВАЊА ВО ФИНИШОТ

Ботас издржа за австриска победа, Фетел ја зголеми предноста

Валтери Ботас стигна до својата втора победа во Формула 1, откако од пол-позицијата стигна до првото место во Австрија, и покрај предизвикот на Себастијан Фетел во Ферари во финишот на трката. Фетел со второто место пред Даниел Рикијардо и Луис Хамилтон го зголеми водството во генерален пласман

објавено: 9 јули 2017 - 15:35

Кими Раиконен трката ја заврши на петтото место, пред Роман Грожан (Хас), Серхио Перез (Форс Индија), Естебан Окон (Форс Индија), а поени освоија и двајцата возачи на Вилиајмс, Фелипе Маса и Ленс Строл.

Со второто место, Фетел го зголеми водството во генерален пласман на 20 поени пред Хамилтон (171-151), додека Ботас влегува во борбата за титулата како трет со 136 поени. Во пламсан на конструктори, Мерцедес останува прв со 287 поени, пред Ферари со 254.

 

Околу Ботас имаше контроверзи на стартот, откако стјуардите на трката решија да испитаат дали тој имал предвремен старт. Фетел и Рикијардо преку радиото прашаа дали тој имал предвремен старт, нешто за што се заинтересираа и стјуардите, кои оценија дека тој имал реакција од 0.201 за да биде ослободен од обвиненијата.

Хамилтон стартуваше како осми поради слабите квалификации и казната од 5 места поради менување на менувачот на болидот и сега ќе мора да надополнува разлика од 20 поени од Фетел стартувајќи со домашното Британско ГП следниот викенд.

Релативно досадната трка „оживеа“ во последните кругови, кога Фетел се доближи до Ботас, а Хамилтон до Рикијардо, но и двајцата возачи успеаја да опстанат на гумите кои бргу се „трошеа“.

АВСТРИСКО ГП

1.Валтери Ботас (Мерцедес)

2.Себастијан Фетел (Ферари)

3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)

4.Луис Хамилтон (Мерцедес)

5.Кими Раиконен (Ферари)

6.Роман Грожан (Хас)

7.Серхио Перез (Форс Индија)

8.Естебан Окон (Форс Индија)

9.Фелипе Маса (Вилијамс)

10.Ленс Строл (Вилијамс)

11.Џолион Палмер (Рено)

12.Штофел Фандорне (Мекларен)

13.Нико Хулкенберг (Рено)

14.Паскал Верлајн (Заубер)

15.Маркус Ериксон (Заубер)

16.Данил Квјат (Торо Росо)

НЕ ЗАВРШИЈА

17.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)

18.Кевин Магнусен (Хас)

19.Фернандо Алонсо (Мекларен)

20.Макс Ферстапен (Ред Бул)

Најново во Авто-мото