НОВА ПОФАЛБА ЗА МЛАДИОТ ХОЛАНЃАНЕЦ

Браун: Потребни ни се повеќе Ферстапени

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун вели дека сака да ги види само најдобрите во Формула 1, посочувајќи кон возачите како Макс Ферстапен

објавено: 2 април 2017 - 22:17

Браун е очигледно голем фан на возачот на Ред Бул кого го опиша како „возбудлив елемент во Ф1“, и смета дека такви возачи ќе придонесат за повеќе гледачи на спортот. Браун, поранешниот сопственик на Ф1 тим, но и технички директор на Ферари и Мерцедес, е задолжен од новите сопственици на Ф1 „Либерти медија“ за подобрување на спортскиот елемент.

 „Во Ред Бул имате фасцинантна соработка меѓу Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен. Мојот петгодишен план за иднината е да имаме повеќе Ферстапени во Формула 1. Сакам систем во кој ќе дојдат само најдобрите возачи. Не ме сфаќајте погрешно, има добар стандард на возачите во Ф1, но ако ги немавме комерцијалните побарувања на дел од тимовите ќе имаме уште поголем стандард“, вели Браун.

Најново во Авто-мото