ШУМИ СИГУРНО НЕ МОЖЕ ДА ОДИ

„Бунте“ ќе плати 50.000 евра на семејството Шумахер

Германскиот магазин „Бунте" ќе мора да плати отштета од 50.000 евра плус судските трошоци на семејството на Михаел Шумахер по непотврдената приказна дека седумкратниот Ф1 шампион може повторно да оди

објавено: 5 мај 2017 - 21:25

Во декември 2015, две години откако Шумахер доби сериозни повреди на главата при пад на скијање, „Бунте“ решија да одат со наслов „Ова е повеќе од божиќно чудо - Михаел Шумахер може повторно да оди“. Регионалниот суд во Хамбург оцени дека со ова се нарушува приватноста на Шумахер и нареди компензација и покривање на 65% од судските трошоци.

Семејството Шумахер бараше отштета од 100.000 евра. Шумахер не се појави во јавноста по падот во декември 2013 година, и неговото семејство не дава многу информации за неговата состојба. Тој живее во нивниот дом во близината на Женева, Швајцарија

 

Најново во Авто-мото