Одлични квалификации за Италијанците

Еден-два за Ферари во квалификациите во Монте Карло

На пол позицијата ќе биде Раиконен, а зад него ќе стартува клупскиот колега од Ферари, Себастијан Фетел. На третото место е Ботас од Мерцедес, додека Луис Хамилтон разочара и утре ќе стартува од 14. место

објавено: 27 мај 2017 - 15:06

Кими Раиконен ќе стартува од пол позицијата на утрешната трка во Монте Карло. Искусниот возач на Ферари по пауза од девет години успеа да освои една пол позиција во квалификациите.

Финскиот возач имаше време од 1:12.178 минута, додека зад него следуваше клупскиот колега Себастијан Фетел кој направи остварување од 1:12.221 минута.

На третото место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека, пак, најголемо разочарување беше Луис Хамилтон кој заврши на 14.место, но, поради казната на Батон од 15 места, ќе напредува една позиција понапред.

Почетокот на утрешната трка во Монте Карло е во 14:00 часот.

Најново во Авто-мото