НОВИТЕ СОПСТВЕНИЦИ ВО ФОРМУЛА 1 СО НЕОБИЧЕН СТАВ

Еклстоун го спречувал растот на Ф1?

Наследникот на Берни Еклстоун, Чејс Кери го обвини британскиот долгогодишен шеф на Формула 1 дека го спречувал растот на спортот

објавено: 4 мај 2017 - 17:30

Чејс Кери беше именуван за генерален директор на Ф1 во јануари, кога спортот го преземаа новите американски сопственици „Либерти медија“, и вели дека прво што сфатил на новата позиција е колку односот на Еклстоун го спречувал растот на Формула 1.

„Сакам да кажувам почесто ’да’. Која е вредноста да имаш идеја ако одговорот на сè што сакаш е ’не’. Тоа креира фрустрација. Постојат многу работи кои беа потребни, а не беа напрвени. Мислам дека последните пет или шест години од спортот не е извлечен целосниот потенцијал. Сите правиме грешки и не сме совршени. Берни го презеде бизнисот пред неколку декади и го продаде за 8 милијарди долари. Тој ги заслужува сите пофалби за тоа што го направи, меѓутоа во денешниот свет морате да го промовирате својот спорт“, вели Кери.

Најново во Авто-мото