КОЈ ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО Ф1 „КУЌАТА НА СЛАВНИТЕ“

Фанџо, Сена, Шумахер...

Ќе се прават две „Куќи на славните“ за славните спортисти од светот на Форумула 1. Едната ќе биде во Париз, другата во Женева...

објавено: 3 април 2017 - 20:00

Веројатно е и навистина така, авто-мото спортот е една „длабока река“ по која чекореа-возеа многу великани на две и на четири тркала. И затоа е и навистина помалку чудно да никој до денеска не направил т.н. „Куќа на славните“ спортисти од оваа сфера на спортот. 

Жан Тод, претседателот на Светската автомобилска организација-ФИА реши тоа да го промени. И како што сега стојат работите, ќе направи не една, туку дури две такви.

„Во декември ќе ја отвориме ФИА ’Куќата на славните’. Тоа е нешто на што работиме забрзано, и она што го работевме во изминатите две-три години. Ќе имаме една ’Куќа на славните’ во Париз, и една во Женева. Кога ќе видите кои луѓе ќе се најдат во нив, и дека дел од нив за жал, не се меѓу нас, се ќе ви стане во најмала рака, фасцинантно“- рече Жан Тод, кој во оваа прилика најави дека и Ф1 до 2021 година ќе им се врати на оние изворни мотори, односно на корените кои овој спорт повторно ќе го вратат во срцата на фановите од целиот свет. 

Барем засега само во Мото ГП се доделуваа(т) признанија за заслуги откако истакнатите натпреварувачи ќе ја завршат својата кариера.

Освен тоа Дајмлер ја негува традицијата на своите „сребрени стрели“ во една посебна музејска секција, токму онака како што тоа го прави Судерија во Маранело. 

„Куќата на славните“ ќе биде сјајно место за сите великани да се соберат, и да бидат прикажани во светло кое навистина го заслужуваат. Аиртон Сена, Хуан Емануел Фанџо, Новулари, Браунхич, но и живите легенди како што се Михаел Шумахер, Ален Прост и Ники Лауда, секако ќе најдат заслужен простор во „Куќата на славните“ која дефинитивно недостасува(ше) во светот на октанските спортови.

Најново во Авто-мото