СПЕКТАКЛ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД НА АНГЛИЈА

Фетел, Алонсо, Ботас и останатите дивееја по улицита на Лондон (Фото+Видео)

објавено: 13 јули 2017 - 12:10

Прв пат во историјата на Формула 1, сите 10 екипи се најдоа на патеката, но надвор од викендите, кога се оддржуваат трките. Организаторите на Големата награда на Велика Британија, трка која ќе се вози овој викенд, решија да им приредат спектакл на жителите на Лондон.

Екипите на Ферари, Мерцедес, Ред Бул и останатите се тркаа на имровизираната патека во центарот на Лондон. Повеќе од десет илјади навивачи уживаа во атракциите на најбрзите возачи во светот. Освен атракциите од возачите, имаше настап и на неколку познати музички групи.

Велика Британија во 2020 година за прв пат во историјатам ќе остане без организација на Ф1 трка, откако организаторот на патеката „Силверстоун“ го раскина договорот. 

 

Најново во Авто-мото