ГЕРМАНЕЦОТ ИМА САМО ЕДЕН ФОКУС

Фетел не се брза за нов договор

Себастијан Фетел ги отфрли шпекулациите дека Ферари вршат притисок тој што е можно побргу да потпише нов договор со италијанскиот тим

објавено: 18 јуни 2017 - 20:00

Се верува дека претседателот на Ферари, Серџо Маркионе сака Германецот да се обврзе на нов договор со значително поголема плата до Италијанското ГП во септември, бидејќи договорот му завршува на крајот на сезоната.

„Во моментов продолжувањето на договорот не е најважно. Можеби тоа звучи чудно, но фокусиран сум на сезоната и сакам да имам време да разговараме на мир“, вели Фетел.

Најново во Авто-мото