СТАРА СЕРИЈА СО СТАРО ИМЕ

ГП2 серијата преименувана во Формула 2

ГП2 придружната серија на Формула 1 од оваа сезона ќе се вика Формула 2, потврди Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ) на ФИА во Женева

објавено: 9 март 2017 - 21:30

ФИА подолго време бараше враќање на Формула 2 името во мотоспортот и сега во договор со новите сопственици на ГП2, „Либерти медија“ е склучен договор да се преименува во Ф2. ГП2 серијата е придружна серија на Формула 1 и ги следи Ф1 возачите од 2005 година, кога ја замени Формула 3000 како главна придружна серија.

Формула 2 името последен пат се користеше во 2012 година, кога накратко беше формирана серија со идентични болиди. Претходно серијата историски беше отворена формула  серија веднаш зад Формула 1, по воведувањето на Формула Б во 1948 година.

Најново во Авто-мото