АСОТ НА МЕРЦЕДЕС МОРА ДА ДОБИЕ НОВ МЕНУВАЧ

Хамилтон добива казна од пет места во Австрија!

Луис Хамилтон го очекува казна од пет места на стартот на Австриското ГП во недела откако неговиот тим направи непланирана промена на менувачот

објавено: 7 јули 2017 - 20:30

Тимовите мораат да обезбедат нивните менувачи да траат шест трки, но кај Хамилтон имало промена пред овој рок. Иако казната уште не е потврдена, речиси е невозможно да се отфрли бидејќи проблематиката е кај стјуардите на трката.

Ова е лоша вест за надежите на Хамилтон за доближување до Себастијан Фетел во борбата за титулата. Хамилтон заостанува 14 поени зад Германецот пред трката на Ред Бул Ринг, откако загуби два поени на последната трка во Баку каде што беше петти, едно место зад Фетел. Во Азербејџан Хамилтон беше блиску до победа, но мораше да влезе во боксот за да го поправи наслонот за главата на неговиот болид.

Најново во Авто-мото