ФОРМУЛА 1

Хамилтон со пол-позиција и со најбрз круг во Кина

Големата награда во Кина, која се вози во Шангај. Возачот на Мерцедес го постави најдоброто време на оваа стаза.

објавено: 8 април 2017 - 10:44

Големата награда во Кина, која се вози во Шангај. Возачот на Мерцедес го постави најдоброто време на оваа стаза.
Трикратниот светски шампион покажа дека е најдобар кога е најпотребно и постави најбрзо време, не само во квалификациите, туку во Шангај досега (1:31:902). Сепак, тој не е првиот возач кој успеал да го урне рекордот на Михаел Шумахер од 2004 година, бидејќи Кими Рајконен забележа време 1:32.181.

Второто место му припадна на Себастијан Фетел, а зад него се Валтери Ботас и Кими Рајконен. Во првата десетка се најдоа уште Даниел Рикардо, Фелипе Маса, Нико Хикенберг, Серхио Перез, Данил Квајт и Ленс Строл.

Трката за Големата Награда во Кина се вози утре со почеток во 8 часот.

Најново во Авто-мото