НА ВТОРИОТ ТРЕНИНГ НА ПАТЕКАТА ШПИЛБЕРГ

Хамилтон со рекорд побрз од Фетел

Луис Хамилтон го подобри сопствениот рекорд на круг на Ред Бул Ринг во Австрија за да има најдобро време на вториот тренинг за Австриското ГП

објавено: 7 јули 2017 - 15:46

Возачот на Мерцедес беше најбрз и на првиот тренинг, за попладнето да постави време од 1:05.483, со што беше за 0.147 секунди пред Себастијан Фетел во Ферари. Неговото најдобро време беше половина секунда побрзо од утринското на патеката во Австрија.

Фетел спречи 1-2 на Мерцедес со победа пред Валтери Ботас за помалку од една десетинка од секундата, откако Финецот направи грешка на својот најбрз круг.

Ред Бул следуваа со Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо, пред Кими Раиконен во Ферари, Кевин Магнусен во Хас и Фернандо Алонсо на охрабрувачкото осмо место со новиот мотор на Хонда. Топ 10 го комплетираа Нико Хулкенберг за Рено и Роман Грожан во вториот Хас.

Најново во Авто-мото