НА РУСКОТО ГРАН ПРИ ВО ФОРМУЛА 1

Историски триумф на „летечкиот“ Финец

Во 81 трка во Формула 1 шампионатот, Ботас за прв пат е највисoко на победничкиот пиедестал

објавено: 30 април 2017 - 15:35

Валтери Ботас го запиша своето име во историјата на Формула 1 трките, како победник. Финскиот возач беше најбрз на денешната трка, за Големата награда на Русија. Никогаш претходно Борас не бил највисоко на победничкиот пиедестал. Ова беше негова прва победа, во 81 старт во Ф1.

Ботас имаше фантастичен старт и уште од почетните моменти покажа дека е подготвен за историска трка за него. Иако стартуваше од третата позиција, Финецот едноставно ги „летна“ двајцата возачи на Ферари уште во првиот круг. Ботас излезе како лидер, пред Себастијан Фетел, Кими Раиконен, Луис Хамилтон и Верстапен.

Со одчично возење во текот на сите 52 круга, ја задржа челната позиција и успеа да го одбие нападот на Фетел, кој постојано ја намалуваше предноста, но не успеа да го помине Ботас. На крајот, покрај Ботас и Фетел, на пиедесталот имаше место и за Раиконен.

Во вкупниот поредок, Фетел останува лидер 86 бодови, пред Хамилтон со 73, Ботас со 63 и Раиконен со 48 бодови. Следната трка се вози во Барселона, за Големата награда на Шпанија, на 14 мај.

Најново во Авто-мото