ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ГАЗДА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Луис Хамилтон е на еден чекор од рекордот на Михаел Шумахер

Возачот на Мерцедес ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда за Британија

објавено: 15 јули 2017 - 16:18

Луис Хамилтон по пети пат во кариерата ќе стартува од пол позицијата на патеката за големата награда на Велика Британија. За домашниот натпреварувач ова е пети пат во кариерата да биде најбрз на оваа патека во борбата за подобра стартна позиција.

За Хамилтон ова беше вкупно 67 пол позиција во кариерата. Пред него единствено е легендарниот германски возач Михаел Шумахер, кој 68 пати во кариерата стартувал од пол позицијата.

Хамилтон имаше време од 1:24:600 минута. Втор беше Кими Раиконен од Ферари, додека Себастијан Фетел е трет. 

Најново во Авто-мото