„ЗАКАНА“ ОД СОВЕТНИКОТ НА РЕД БУЛ

Марко: Возачите на Ред Бул не можат да ги завршат договорите

Ред Бул имаат целосна контрола околу судбината на нивните Формула 1 возачи, тврди советникот на тимот, Хелмут Марко, кој исто така е и шеф на возачката академија на компанијата

објавено: 15 јуни 2017 - 22:50

Шпекулациите ги поврзуваа Даниел Рикијардо и Макс Ферстапен со други тимови во 2018, додека младиот Шпанец од Торо Росо, Карлос Саинц исто така сака чекор напред по три години во тимот. Меѓутоа, Марко за „Спорт Билд“ вели дека Ред Бул ја има целата контрола.

„Рикијардо и Ферстапен имаат фиксни договори. Рикијардо за 2018, а Ферстапен дури и подолго. Истото важи и за Карлос Саинц. Тој е обврзан да биде со нас до 2019 година. Само ние можеме да ги прекинеме овие договори, возачите немаат такво право“, вели Марко.

Најново во Авто-мото