ПАРИТЕ КОИ ГИ ВЛОЖИ ПОЛЕКА СЕ „ИСПЛАЌААТ“

Милијардерот Строл горд на својот син

Милијардерот Лоренс Строл верува дека перформансите на неговиот 18-годишен син Ленс на Канадското ГП се доказ дека тој го заслужува своето место во Формула 1

објавено: 14 јуни 2017 - 21:10

Дебитантот Ленс Строл беше под притисок од стартот на сезоната во Мелбурн, и многу коментари беа во стилот дека на дебитантот на Вилијамс не му е местото во Ф1 и дека е таму поради својот богат татко.

Модниот могул Лоренс Строл го финансираше патот на својот син во Ф1 со 80 милиони долари годишно, со кои постави приватна тест-програма со Вилијамс во 2016, во исто време додека јуниорскиот возач возеше во Евро Ф3 серијата

И покрај ова, тој имаше проблематичен старт на сезоната, одбележан со грешки и судири, но на домашната трка во Канада го освои деветтото место со што ги освои првите два поени во кариерата.

„Ова беше само негова седма трка во Ф1, така што сите треба да бидат трпеливи. Мислам дека мојот син е на местото каде што треба да биде. Ако ги гледавте трките, тогаш знаете дека немаше многу среќа, но затоа во Монтреал беше совршен“, вели Строл сениор. 

Најново во Авто-мото