Британецот најбрз во квалификациите за ГН на Шпанија

Пол позиција за Хамилтон во Барселона

Британецот во квалификациите оствари најбрзо време од 1:19.49 минута со што заврши пред Раиконен од Ферари и клупскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас

објавено: 13 мај 2017 - 16:00

Луис Хамилтон ја обезбеди пол позицијата на утрешната трка за големата награда на Шпанија. Британецот на патеката во Барселона извозе најбрзо време од 1:19.49 минута во квалификациите, со што заврши пред Кими Раиконен од Ферари, односно неговиот клупски колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

За Хамилтон ова е 64. пол позиција во кариерата. Додека, пак, утрешната трка е со почеток од 14:00 часот.

Во генералниот пласман, Британецот има 73 бодови со што се наоѓа на второто место, зад Себастијан Фетел кој е лидер со 86.

Најново во Авто-мото