НЕМА ПРЕДАВАЊЕ, ИМА ЕНЕРГИЈА КАЈ АВСТРИЈЦИТЕ

„Ред Бул" спрема „бум" за Барселона

Екипата на Дитрих Матешиц е подготвена на следната трка да се појави со нова шасија со која би можеле да се постават помеѓу „Мерцедес"и „Ферари".

објавено: 24 април 2017 - 14:50

Новата шасија е новата надеж за луѓето од натпреварувачкиот дел од „Ред Бул" тимот. Во врска со тоа од екипата на Дитрих Матешиц стигнува најавата дека за наредната трка се планира значително подобрување, односно редефиниран баланс на нивната и онака солидна шасија.

Во екипата се одлучија за овој потег затоа што сметаат дека „Ред Бул"не успеал да се прилагоди доволно на новите правила бидејќи нивното заостанување во шампионатот на конструктори во овој момент изнесува дури 55. бодови во однос на водечкиот „Ферари".

„Ние знаеме дека имаме два проблеми. 'Рено' има проблем со стабилност што и ги успори во полето на развој на моторот, а ние не испорачавме шасија каква што треба" - призна Хелмут Марко, со најава дека „Ред бул" нема намера да се предаде и стихијно да ја продолжи сезоната.

„Сите работиме и навечер и преку ден за да ги решиме проблемите. Оптимисти сме и верувам дека во Барселона можеме да направиме голем чекор ЗА ГП на Шпанија очекуваме и нова шасија од друга страна 'Рено' планира нешто ново но дури за подоцна, веројатно за трката во Канада" - дополнува Марко за амбициозниот план за влегување во „блиска битка" со моментално водечките екипи во шампионатот на Формула 1.

Најново во Авто-мото