ГЕРМАНЕЦОТ ОТСЛИКАН ВО ПОИНАКВО СВЕТЛО

Розберг бил безмилосен, а не Хамилтон?

Иако кај многу Ф1-фанови постоеше впечаток дека Луис Хамилтон е возачот кој би направил сè за титула и победа, шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека безмилосниот во тимот бил актуелниот светски шампион Нико Розберг

објавено: 17 јуни 2017 - 12:30

Германецот Розберг се повлече пет дена откако ја освои титулата минатата година, во неочекуван потег откако по три години борба успеа да го победи Хамилтон за светската титула.

„Тој што не е тука. Тој беше безмилосниот. Нико ги искористи сите оружја кои ги имаше за да победи“, вели шефот на тимот, Волф.

И покрај тоа, Волф вели дека не се лути.

„Имаше секакви психолошки игри за да се дестабилизира противникот. Со Нико и Луис можеби имаше и фактори за кои не знаеме. Тие дојдоа од различни околини и се тркаа додека растеа. Не може да биде лесно ако имате двајца тркачи и болид со кој може да се стане шампион“, објаснува Волф.

Најново во Авто-мото