ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРИТАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМЕН ЗА СТАРТ

САДИК КАН: Улична трка во Лондон, зошто да не?

Првиот повек на Лондон вели дека неговиот град е „отворен" за соработка со ФИА, и идеја да се организира трка од Формула 1

објавено: 14 јули 2017 - 16:54

Откако стигнаа најавите дека Силверстоун е подготвен да „излезе од договорот", и повеќе да не биде во улога на организатор на Големата награда на В. Британија, веднаш се појави нова, исто така, британска опција.

„Ако е тоа навистина така во тој случај, и ако преговорите со Силверстон се навистина пропаднати, зошто да не? Спремни сме да ги сослушаме сите понуди. Лондон е подготвен. Но, само ако е дефинитивно готово со Силверстон"- вели градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

Кан признава дека е воодушевен и со новите сопственици на Формула 1...

„Се запознав и со новите челници на Формула 1, и мислам дејка се сјајни. Внесоа 'свеж воздух' во спортот на кој тоа му беше и навистина потребно. Навистина е задоволство да се соработува со нив" - заклучи првиот човек на Лондон, потенцијалниот кандидат за организација на наредното британско Гран при.

Најново во Авто-мото