ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ЗА СИНОТ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ ГЕРМАНЕЦ

Шуми јуниор не се брза во Ф1

Мик Шумахер вели дека не се брза да стане следниот тинејџер во Формула 1, велејќи дека неговиот пат само што почнува

објавено: 8 мај 2017 - 21:25

Макс Ферстапен стана најмладиот Ф1 возач за Торо Росо, а подоцна и Ред Бул, додека уште еден тинејџер, Ленс Строл оваа година дебитираше за тимот на Вилијамс. Но, Шумахер, синот на легендарниот седумкратен Ф1 шампион Михаел Шумахер вели дека има време.

„Само што дојдов во Формула 1 и имам само два викенди во ова натпреварување. Одиме чекор по чекор и не можам да кажам конкретно кога ќе стигнам во Ф1“, вели 18-годишниот Германец.

Мик Шумахер е петти во генерален пласман во серијата со АДАЦ тимот, а Норберт Хауг, поранешниот шеф на Мерцедес Ф1, вели дека тој има блескава иднина.

„Има одлична контрола и чувство во болидот. Вози блиску до лимитот, но не го поминува. Мислам дека можеме да очекуваме многу од него“, вели Хауг.

Најново во Авто-мото