ПРЕД СТАРТОТ НА ФОРМУЛА 3

Синот на Шумахер проговори за својот татко

По повеќе од три години по големата несреќа во јавноста се огласи синот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, Мик.

објавено: 29 март 2017 - 10:35

По повеќе од три години по големата несреќа во јавноста се огласи синот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, Мик. 

Тој за неколку дена ја започнува својата сезона во Формула 3, а пред почетокот проговоре за својот татко.

„Мојот татко е мојот голем идол. Тој е најдобриот, тој е мојата инспирација. Еден ден сакам да бидам шампион во Формула 1, тоа е мојата цел, нешто што го посакува секој возач", изјави Мик Шумахер.

За младиот Шумхер прогнозите засега се добри, доколку поседува половина од талентот на неговиот татко, тој би можел да го оствари големиот сон.

„Сè уште е млад и има многу да учи. Ако поседува половина од талнетот на најдобриот возач во Формула 1, во тој случај не треба да се грижи, бидејќи веќе е на половина пат до остварување на неговата цел", се коментарите за наследникот на големиот Шумахер.

 

Најново во Авто-мото