СРПСКИОТ БИЗНИСМЕН ПОВТОРНО ВО „АКЦИЈА“

Стефановиќ носи италијански тим во Ф1?

Српскиот бизнисмен, Зоран Стефановиќ, кој се обиде да го донесе неговиот Стефан ГП тим во Ф1 во 2010 година, во Австрија откри дека има нов обид за влез во Формула 1 по состанокот со Рос Браун

објавено: 10 јули 2017 - 08:00

Стефановиќ во 2010 купи стара шасија на Тојота и го објави Казуки Накаџима како возач, но проектот не доби зелено светло од ФИА.

По шпекулациите дека голем број на тимови, вклучувајќи еден кинески проект, сакаат влез во Ф1, Стефановиќ откри дека има фабрика во Парма, Италија и дека работи со поранешниот инженер на Вилијамс и Ферари, Енрике Скалаброни за изградбан а болид.

„Тука сум да се сретнам со Рос Браун за нашиот италијански тим. Тимот ќе има седиште во Парма, имаме договор за воздушен тунел и доволно стручњаци. Нашата цел е влез во 2019 година“, изјави Стефановиќ.

Најново во Авто-мото