ДУРИ 21 ТРКА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Во 2018, Формула 1 првпат со три трки во низа

Формула 1 ќе го има првото „тројно шоу" следната година, со Француското ГП, Австриското ГП и Британското ГП во последователни викенди

објавено: 19 јуни 2017 - 17:14

Враќањето на трките во Франција и Германија за следната година предизвика главоболки за шефовите во спортот за да испорачаат календар со кој тимовите ќе бидат задоволни, така што првиот календар по состанокот на Светскиот моторспорт совет (ВСМЦ) во Женева, Франција доби место на 24 јуни, по што ќе следуваат трките на Ред Бул Ринг и Силверстоун.

Меѓу другите промени на календарот, Азербејџанското ГП добива место во април, додека Руското ГП се сели во септември, каде што ќе се оддржи во две недели со Јапонското ГП. Трките во Кина и Сингапур уште не се потврдени.

ФИА потврди дека трката 24 Часа Ле Ман ќе се оддржи на 16 и 17 јуни, со што нема да има поклопување со Ф1-календарот

ФОРМУЛА 1 КАЛЕНДАР 2018

25 март, Австралиско ГП, Мелбурн

8 април, Кинеско ГП, Шангај

15 април, Бахреин ГП, Сакир

29 април, Азербејџан ГП, Баку

13 мај, Шпанско ГП, Барселона

27 мај, Монако ГП, Монте Карло

10 јуни, Канадско ГП, Монтреал

24 јуни, Француско ГП, Пол Рикар

1 јули, Австриско ГП, Ред Бул Ринг

8 јули, Британско ГП, Силверстоун

22 јули, Германско ГП, Хокенхајм

29 јули, Унгарско ГП, Хунгароринг

26 август, Белгиско ГП, Спа-Франкоршамп

2 септември, Италијанско ГП, Монца

16 септември, Сингапур ГП, Марина Беј

30 септември, Руско ГП, Сочи

7 октомври, Јапонско ГП, Сузука

21 октомври, Американско ГП, Остин

28 октомври, Мексиканско ГП, Мексико Сити

11 ноември, Бразилско ГП, Интерлагос

25 ноември, Абу Даби ГП, Јас Марина

Најново во Авто-мото