НЕОБИЧНО ПРИЗНАНИЕ НА АВСТРИЕЦОТ

Волф сака да го нокаутира шефот на Ферари!

Шефовите на Мерцедес, Тото Волф и на Ферари, Мауцирио Аривабене на прв поглед добро се согласуваат и покрај битката на нивните тимови за врвот во Ф1

објавено: 17 јуни 2017 - 09:30
Меѓутоа, кога ќе дојде време за тркање, ова „пријателство“ исчезнува. Волф во интервју за британскиот „Канал 4“ признава дека понекогаш сака да го „нокаутира“ шефот на Ферари, Аривабене. 
Иако ова е половично кажано во шега, Ф1-фановите уште се сеќаваат на реакцијата на Волф од Австралиското ГП на стартот на сезоната, кога откако Луис Хамилтон беше претекнат од Себастијан Фетел луто удри со тупаницата во масата пред него.

 

 

Најново во Авто-мото