ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ КОЈ ГО ИМА ВИДЕНО ГЕРМАНЕЦОТ

За Шумахер постои надеж, но...

Поминаа повеќе од три години од несреќата во која некогашниот првак во Формула 1 падна на скијање и тешко ја повреди главата

објавено: 3 мај 2017 - 10:50

Ситуацијата со здравјето на некогашниот светски првак Михаел Шумахер е непроменета. Речиси три и пол години поминаа од страшниот пад на Шумахер, додека скијаше во Франција. Неговиот лекар, Жан-Франсис Пајен тогаш рече дека се потребни три-четири години за да се види напредок во опарувањето. 

Сепак, ете поминаа толку години, а ситуацијата околу седумкратниот светски првак е далеку од јавноста. Еден од ретките кои го имаат видено популарниот Шуми е неговиот пријател и некогашен возач во Ф1, Филип Стреф. Тој вели дека многу веројатно е дека Шумахер нема никогаш да се опорави како што треба.

„По таква несреќа и повреда, уште постои надеж, но... Поминаа повеќе од три години и се помали се шансите да се опорави“, рече Стреф, кој откри дека кога го посетил Михаел, тој бил парализиран и не можел да зборува. Неговата комуникација била со очите.

Најново во Авто-мото