ПОРАНЕШНИОТ МОТО ГП ВОЗАЧ УДРЕН ОД АВТОМОБИЛ

Екс-шампионот Хајден во сериозна состојба!

Поранешниот Мото ГП светски шампион, а сегашен возач на Хонда во Супербајк шампионатот, Американецот Ники Хајден е во сериозна состојба по повредите кои ги доби во сообраќајна несреќа во Италија

објавено: 17 мај 2017 - 17:18

35-годишниот Хајден заедно со своите пријатели возел велосипед во близината на Римини во средата кога автомобил го удрил неговиот велосипед и тој завршил на хаубата на автомобилот. Тој веднаше е однесен во болницата во Римини со сериозни повреди на главата и градите.

Хајден, познат како „Кентаки кид“ беше во Мото ГП од 2003 до 2015 година, возејќи за Хонда и Дукати, а во 2006 година го победи Валентино Роси за Мото ГП титулата. Тој возеше во Мото ГП и лани како замена за повредениот Џек Милер, пред да се фокусира на Супербајк шампионатот, каде што беше петти во генерален пласман.

Најново во Авто-мото