ЛОШИ ВЕСТИ ЗА АМЕРИКАНЕЦОТ

Ники Хајден е во индуцирана кома

Поранешниот Мото ГП шампион, Ники Хајден е во медицински индуцирана кома откако во средата беше удрен од автомобил додека бил на велосипед

објавено: 18 мај 2017 - 15:45

Американецот, кој сега настапува за Хонда во Супербајк шампионатот, бил на велосипед на јадранскиот брег во близината на Римини, по што веднаш е пренесен во болницата во Чезена со повреди на главата и градите.

Тој ја освои својата единствена Мото ГП титула во 2006 година победувајќи го Валентино Роси да ја прекине неговата низа од пет титули едноподруго.

„Би сакале да се заблагодариме на сите за пораките за поддршка и на медицинскиот тим за потребната помош. Кога ќе имаме официјално соопштение за состојбата на Ники од неговото семејство, ќе објавиме дополнително соопштение“, се вели во соопштението на тимот на Ред Бул Хонда.

Најново во Авто-мото