И ОФИЦИЈАЛНО:

Бибијана е првата жена-судија во Бундеслигата

Оваа 38 годишна жена, по професија полицаец испиша нова страница во европскиот фудбал

објавено: 19 мај 2017 - 17:10

Бундеслигата денеска и официјално потврди дека Бибијана Штајнхаус ќе биде првата жена која како главен судија ќе биде дел од елитниот ранг на натпреварување во германскиот фудбал за сезоната 2017/2018.

Таа е ставена на листата на судии за следната сезона со што и официјално ќе стане првата жена-судија во најдобрите пет лиги во Европа. 

Со тоа, оваа 38 годишна жена, по професија полицаец испиша нова страница во европскиот фудбал. Штајнхаус не е нова во судењето, затоа што од 2011 година била повремено делегирана и на средбите од Цвајта лига, а го судеше и финалето на Олимписките Игри во Лондон во 2012 година. 

Она што е оосбено интересно е дека оваа жена всушност е девојка на некогашниот познат англиски арбитар Хауард Веб (го судеше финалето на СП во Јужна Африка).

„Кога шефот на судиите Фројлих ми ја соопшти оваа вест останав без текст. Сеуште не можам да поверувам дека ми се случува токму ова. Чувствувам среќа, но и неизвесност, затоа што не знам што ќе се случи следно“ - искрено констатиораше Бибијана,

Новата сезона во Бундеслигата ќе стартува на 18. август, а распоредот на натпреварите же биде објавен во текто ан наредниот месец.  

 

Најново во Другата страна на спортот