„ФОРБС“ СО НАЈНОВИ ПРОЦЕНКИ

Јунајтед „тежи" 3.69 милијарди долари

Манчестер Јунајтед е најбогатиот фудбалски клуб на светот,а трет на вкупната листа на најтешките спортски тимови.

објавено: 14 јули 2017 - 11:20

Манчестер Јунајтед во овој момент е „тежок" 3.69 милијарди долари, барем таква е проценката на „Форбс". И е најбогатиот фудбалски клуб на светот во овој момент.

Ако се смета оној вкупен поредок, на сите спортски тимови од светот, кој исто така го формира „Форбс", тогаш „црвените ѓаволи" се на третата позиција.


Пред нив се членот на НФЛ лигата Далас Каубојс, чија вредност се проценува на 4.2 милијарди долари, како и бејзбол клубот Њујорк Јенкис, кои имаат богатство од 3.7 милијарди зелени банкноти.
Шпанскиот гигант Реал Мадрид, кој во изминатите четири сезони беше неприкосновен според вредноста кај фудбалските клубови, падна дури на третата позиција со 3.58 милијарди, додека пред нив е нивниот најголем спортски ривал, Барселона која е проценета на 3.64 милијарди.
Во сезоната 2015/2016 клубот од Манчестер (оној црвен дел) остварил приход во вредност од 765 милиони, што е дури 77 милиони повеќе во однос на Барселона и Реал Мадрид, заедно.
На збирната ранг-листа на спортски тимови, од оние фудбалските, фигурираат уште Баерн Минхен, кој е поставен на местото број 15, додека Манчестер Сити е многу подалеку, на 35. место.


ТОП 10 НА НАЈВРЕДНИТЕ ТИМОВИ ВО СВЕТОТ
1. Далас Каубојс (амер. фудбал) 4.2 милијарди
2. Њујорк Јенкис (бејзбол) 3.7 милијарди
3. Манчестер Јунајтед (фудбал) 3.69 милијарди
4. Барселона (фудбал) 3.64 милијарди
5. Реал Мадрид (фудбал) 3.58 милијарди
6. Њу Ингланд Патриотс (амер.фудбал) 3.4 милијарди
7. Њујорк Никс (кошарка) 3.3 милијарди
8. Њујорк Џајентс (амер. фудбал) 3.1 милијарди
9. Сан Франциско 49 (амер. фудбал) 3.0 милијарди
10. ЛА Лејкерс (кошарка) 3.0 милијарди

 

Најново во Другата страна на спортот