КИНЕЗИТЕ ИМААТ ПОСЕБНИ ОБИЧАИ И ВО ФУДБАЛОТ

Со злато и „фенг-шуи" против малери

Раководството на Гвангжу одлучило да го префарба стадионот и на тој начин да го тргне „малерот", односно прекин на црната серија на домашен терен.

објавено: 16 јули 2017 - 21:40

После „Златната топка" и „Златната копачка", фудбалот доби и златен стадион!

И тоа, се разбира, во најбројната земја на светот.
И навистина Кинезите се посебна цивилизација, за себе, макар што скоро секојдневно полека ги „голта" она што се нарекува глобализација.
Традицијата, верата, суеверието филозофијата... сето тоа ги држи како посебни и силни.
А еден од тие аспекти на таа нивна посебно е и „фенг-шуи", еден престар правец, чија цел е хармонизацијата со околината.
Раководството на РФ Гвангжу е во очај. Пред се поради серијата на лоши резултати на домашен терен.
И од таа причина се решија да се насочат кон „фенг-шуи" филозофијата, а стручното лице за таа работа пак проценил дека едно од решенијата за подобрување е стадионот да се бои во златна боја!!!


Пред се затоа што таа боја носи среќа, што би требало многу да им значи на фудбалерите кои инаку од клупата ги предводи југословенската легенда Драган Стојковиќ-Пикси пред оној меч со локалниот ривал, односно водечоот во Суперлигата - Евергранде


Луѓеод од Гвангжу не губеа време, брзо го реализира замисленото. И тоа во буквална смисла на зборот.
Дуелот на соседите инаку се игра во среда, од 14 часот по средноевропско време, а дали златото ќе им помогне на Пикси и на неговите играчи против тимот на Луис Фелипе Сколари, останува да се види за некој ден.
Инаку РФГ не победил на домашен терен на последните пет средби, а моментално е на осмото место на табелата со дури 26 пени помалку од градскиот ривал кој има 40.

Најново во Другата страна на спортот