НОВ ШОК ЗА КРАЈ НА БЛЕСКАВАТА КАРИЕРА НА ЈАМАЈЧАНЕЦОТ

Британија со шокантно злато, Болт заврши со повреда!

Јусеин Болт последната трка во кариерата ја заврши со повреда, додека Велика Британија стигна до шокантна победа на 4х100 метри пред фаворизираните Американци со трето најдобро време во историјата

објавено: 12 август 2017 - 23:13

Требаше да биде толку едноставно - Јусеин Болт да си замине од своето последно големо натпреварување со злато на 100 метри и како дел од јамајската штафета 4х100 метри. Наместо тоа, Болт заминува меѓу атлетските легенди со бронза на 100 метри и без завршена штафета.

Јамајка беше во игра за злато, пред Болт во последната промена да истегне мускул на ногата и да заврши на тартанот. Тој успеа да стане и да дојде до целта да ги поздрави фановите кои не можеа да веруваат дека на таков начин ќе се збогуваат со Болт, а во исто време требаа да ја слават и шокантната британска победа.

 

Во женската штафета, Американките беа недопирливи. Шампионката на 100 метри, Тори Боуви ја имаше честа последна да трча и донесе злато со време од 41.82, најдобро оваа сезона. Велика Британија изненади со сребрениот медал (42.12), пред Јамајка со 42.19. Јамајчанките беа во позиција да се борат за златото, но имаа предолга последна промена на палката за да се задоволат со бронза.

4х100 МЕТРИ (М)

1.Велика Британија (Уџах, Џемили, Талбот, Мичел-Блејк) 37.47

2.САД (Роџерс, Гетлин, Бејкон, Колмен) 37.52

3.Јапонија (Тада/Изука/Кирји/Фуџимицу) 38.04

4.Кина (Ву/Ксие/Су/Жанг) 38.34

5.Франција (Дутамби/Вику/Зезе/Леметр) 38.48

4х100 МЕТРИ (Ж)

1.САД (Браун,Феликс, Акиносун, Боуви) 41.82

2.Велика Британија (Филип, Хенри, Ашер-Смит, Неита) 42.12

3.Јамајка (Леви, Морисон, Фејси, Форбс) 42.19

4.Германија (Пинто, Маер, Ликенкемпер, Хасе) 42.36

5.Швајцарија (Дел Понте, Ачо, Камбунџи, Кора) 42.51 

Најново во Други спортови