КРАЈ НА ЕДНА ЕРА ВО ДАЛЕЧИНСКИТЕ ТРКИ

Едрис му го „расипа“ збогувањето на Фара

Етиопјанецот Муктар Едрис му го „расипа" збогувањето на Мо Фара со неговата домашна публика во Лондон, победувајќи го во трката на 5.000 метри, последна во кариерата на Британецот

објавено: 12 август 2017 - 21:53

По спорото темпо на трката, во последниот круг Етиопјанецот Јомиф Кејелча влезе во предност пред колегата Едрис, додека Фара беше само трет. Американецот Пол Челимо забрза за да влезе во борба за титулата, по што се очекуваше последниот спринт на Фара.

Меѓутоа, како и Јусеин Болт пред една недела, Фара мораше да признае пораз, откако Едрис имаше фуриозен финиш за победа со 13:32.79. Фара завршува со сребро, додека Челимо е бронзен.

„Дадов сè што можев. За жал овојпат тоа не беше доволно“, призна Фара веднаш по трката, додека добиваше аплаузи од публиката.

5.000 МЕТРИ (М)

1.Муктар Едрис (Ети) 13:32.79

2.Мохамед Фара (Бри) 13:33.22

3.Пол Кипкемои Челимо (САД) 13:33.30

4.Јомиф Кејелча (Ети) 13:33.51

5.Салемон Барега (Ети) 13:35.34

Најново во Други спортови