ГЕРМАНИЈА СО ЗЛАТО ВО ЛОНДОН

Фетер го оствари сонот

Германецот Јоханес Фетер, кој беше само четврт на Олимпијадата во Рио, заврши во солзи откако го освои златниот медал во фрлање копје на СП во Лондон

објавено: 12 август 2017 - 22:35

Фетер уште во првиот обид имаше далечина од 89.89 метри, која не беше достигната од ривалите до крајот на низата. Чехот Јакуб Вадлејх постави личен рекорд од 89.73 метри за да стигне до среброто, додека уште еден Чех, Петр Фридрих во последниот обид имапе 88.32 метри за бронза пред олимпискиот шампион, Германецот Томас Релер.

ФРЛАЊЕ КОПЈЕ (М)

1.Јоханес Фетер (Гер) 89.89 м

2.Јакуб Вадлејх (Чеш) 89.73 м

3.Петр Фридрих (Чеш) 88.32 м

4.Томас Релер (Гер) 88.26 м

5.Теро Питкамаки (Фин) 86.94 м

Најново во Други спортови