СПАС ВО ПОСЛЕДЕН ЧАС

Не е допингуван, тоа било од бакнежот со девојката!?

Американскиот атлетичар Џил Робертс е ослободен од обвиненијата за допинг откако во март оваа година му беше најден „пробенецид"...

објавено: 15 јули 2017 - 12:30

Џил Робертс може да продолжи да се занимава со атлетика откако „паднаа" сите обвинувања дека е допингуван.

После сослушувањето на 20. јуни, тој е прогласен за невин, но комплетниот извештај за неговиот случај Американската антидопинг агенција го објави неодамна.
Според извештајот, Робертс не земал недозволени средства, туку таа супстанција му ја пренела неговата девојка, интересно, и тоа преку бакнеж!?


После допинг тестот во март, на Робертс му беше одредена привремена суспензија, но тој се натпреваруваше на националното првенство на САД (во дисциплината 400 метри), и се избори за норма за учество на Светското првенство во Лондон.
Неколку недели пред да „падне" на тестирањето, неговата девојка земала лекови за инфекција на синусите, кои пак ја содржат супстанцијата „пробенецид", забранета за атлетичарите.
Како член на штафетата 4Х400 метри Робертс го освои златниот медал на Олимписките Игри во Рио.

 

Најново во Други спортови