ФРАНЦИЈА СО ТИТУЛАТА ВО ДЕСЕТОБОЈ

По два дена, златото на градите на Маер

Французинот Кевин Маер е новиот светски шампион во десетобој со најдобар резултат оваа година (8.768) по пеколни два дена и десет дисциплини во Лондон

објавено: 12 август 2017 - 22:16

Среброто отиде кај Германецот Рико Фрајмут (8.564), а бронзата кај неговиот сонародник Каи Кацмирек (8.488).

Тринаесет од десетобојците воопшто не ги завршија сите 10 дисциплини, по што следуваше тешката трка на 1.500 метри.

„Многу сум уморен. Сакам само да кажам дека оваа публика е неверојатна и ѝ благодарам за овие два прекрасни дена“, изјави Маер.

ДЕСЕТОБОЈ (М)

1.Кевин Маер (Фра) 8.768

2.Рико Фрајмут (Гер) 8.564

3.Каи Кацмирек (Гер) 8.488

4.Јанек Оиглане (Ест) 8.371

5.Дамијан Варнер (Кан) 8.309

Најново во Други спортови