„ПАДНА“ И ШВЕДСКА

Одбојкарите според планот, трета победа во третиот меч

По Азербејџан и Албанија, вечерва беше совладана селекцијата на Шведска

објавено: 18 јуни 2017 - 21:47

Тоа што пред почетокот на „Европска лига 2017’ го најавуваа македонските одбојкари, вечерва го комплетираа. Три победи во три меча за перфектен биланс по првиот дел од ова натпреварување. 

Шведска е последниот противник кој беше совладан во „СРЦ Кале“. Македонија славеше со 3:1 во сетови. Првиот сет беше најтежок, а Швеѓаните успеаа да изненадат и го добија со 26:24.

Сепак, потоа следуваше целосна контрола од страна на македонските одбојкари. Со одлична игра следните три сета завршија (25:17, 25:18, 25:18) за Македонија, која го освои првото место во групата. Претходно, нашите одбојкари со по 3:0 во сетови ги победија и селекциите на Азербејџан и Албанија. 

Следниот турнир на „Европска лига 2017“ се игра следниот викенд, а домаќин ќе биде Албанија. 

Најново во Други спортови