НОВА СУПЕР-ТЕШКА ПЛАНИНСКА ЕТАПА НА ВУЕЛТА

Денифл со соло-победа, Фрум во дефанзива

Крис Фрум мораше да го брани водството во генерален пласман на стрмното искачување на Алто де лос Мачукос речиси од сите ривали во генерален пласман во 17. етапа, во која до соло победа стигна Австриецот Штефан Денифл

објавено: 6 септември 2017 - 18:17

Денифл (Аква Блу Спорт) направи храбар напад од групата која се одвои за да ја освои историската прва победа на ирскиот тим од континенталната лига во првата голема трка. Претходно, Аква Блу станаа познати откако нивниот тимски автобус беше изгорен на паркинг.

Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) нападна од главната група во обид да стигне до етапна победа во својата последна голема трка, но на крајот заврши со 28 секунди послабо време од Денифл.

Зад нив, трката „експлодираше“ откако Фрум не успеа да го следи темпото на ривалите. На финишот Мигуел Анхел Лопез (Астана) ги победи Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), Илнур Закарин (Катјуша) и Рафал Мајка (Бора-Хансгрое) за третото место.

Фрум остана со својот колега Микел Ниеве во последните два километри и заврши со 1:46 послабо време. Тој загуби 42 секунди од Нибали и Закарин, и сега води со 1:16 пред Италијанецот и 2:25 пред Русинот. Контадор останува петти, но сега разликата е помала (3:34).

Најново во Други спортови