ЗАВРШНИЦА НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ НА УКИМ

ФФОСЗ и Машински факултет во финална битка на три фронта

Во салата „Македонски херои" при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе се одиграат завршните турнири од Универзитетската лига на УКИМ.

објавено: 19 мај 2017 - 11:34

Во дисциплините мал фудбал, ракомет и кошарка во машка конкуренција ќе се добијат новите најдобри колективи за оваа сезона, а во трите финалиња ќе се соочат ФФОСЗ и Машински факултет.

Првото финале ќе се одигра во ракомет, а терминот за него е 15 часот. Дека овие натпревари добиваат на квалитет, зборува и податокот дека главни делители на правдата ќе бидат нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Еден час подоцна ќе се игра финалето и во мал фудбал.

Третото, наедно и последно финале од годинашните Универзитетски натпревари на УКИМ е закажано за 17 часот, кога ќе се одлучи и првакот во кошарка.

Свеченото затворање и прогласувањето на победниците ќе бидат во 18 часот, кога наградите за најуспешните ќе ги додели ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Најново во Други спортови