ЛИДЕРОТ ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН СО ИМПРЕСИВНА ПОБЕДА

Фрум има сè под контрола!

Крис Фрум (Тим Скај) го зголеми водството во генерален пласман на Вуелта Еспања со импресивна победа на 40.2 километарската 16. етапа, која беше трка против часовникот во Логроњо

објавено: 5 септември 2017 - 17:59

Фрум ја комплетираше патеката за точно 47 минути за да го зголеми водството во генерален пласман пред Винченцо Нибали на 1:58, откако Италијанецот етапата ја заврши како трет со 57 секунди послабо време. Холанѓанецот Вилко Келдерман (Санвеб) беше втор со 29 секунди послабо време и сега е трет во генерален пласман на пет етапи пред крајот.

Алберто Контадор (Трек Сегафредо) неочекувано заврши како петти на етапата за да скокне и на петтото место во генерален пласман, додека потфрлија Фабио Ару (Астана) и Естебан Чавес (Орика Скот), кои загубија доста време. На една недела пред крајот на трката, Фрум е на чекор до двојна победа на ТдФ и Вуелта.

Најново во Други спортови