ЧЕТВРТА ЕТАПНА ПОБЕДА НА ЏИРОТО ЗА КОЛУМБИЕЦОТ

Гавирија не запира!

Фернандо Гавирија го продолжи супериорното деби на Џиро Д'Италија, победувајќи по четврти пат во спринтот на 13. етапа во Тортона

објавено: 19 мај 2017 - 17:55

Ирецот Сем Бенет (Бора-Хансгрое) изгледаше дека е во совршена позиција за првата етапна победа оваа година по 162 километри од Реџо Емилија до Тортона, но Гавирија (Квик Степ) успеа да се „провлече“ од десната страна покрај оградата и да го помине за славна победа. Јаспер Стајвен (Трек-Сегафредо) беше трет

„Никогаш не е лесно да се победи, посебно со ривалите на ова Џиро. Тимот беше фантастичен цела етапа, а Пиетер Сери ми даде одличен простор за победа. Оваа победа е за мојот тим“, вели Гавирија.

Ситуацијата во генерален пласман останува иста, и Том Думулин останува во розево со 2:23 предност пред Колумбиецот Наиро Квинтана. Во сабота ова може да се смени, бидејќи етапите за спринтерите се минато и почнуваат планинските трки, со искачувањето до Оропа.

Најново во Други спортови