ТРКАТА КОН СОНЦЕТО ЗА КОЛУМБИСКОТО ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Хенао го победи Контадор на Париз-Ница

Колумбиецот Серхио Хенао (Тим Скај) успеа да издржи и да стигне до победа на Париз-Ница трката со само две секунди предност пред Алберто Контадор (Трек-Сегафредо)

објавено: 12 март 2017 - 17:34

Контадор нападна на 52 километри пред крајот на кратката осма етапа, оставајќи го Хенао на искачувањето Кот де Пеје и до следното искачување, Кол Д’Езе, Контадор имаше минута предност. Хенао полека ја намалуваше предноста на 15-километарската надолнина до Ница, додека Контадор во својата група го имаше само Давид де ла Круз (Квик-Степ) и Марк Солер (Мовистар).

Контадор го загуби спринтот за етапна победа од Де ла Круз, со што ги загуби осумте бонус-секунди за првото место кои ќе беа доволно да ја освои титулата, откако Хенао пристигна на целта во главната група со 20 секунди заостанување. Ирецот Ден Мартин (Квик Степ), заврши во главната група за да го запечати третото место во генерален пласман на „Трката кон сонцето“.

Најново во Други спортови