ЖЕНА ЌЕ ГО ВОДИ СВЕТСКОТО РАГБИ

Името кое влегува во историјата – Релин Кастл

Рагби Унијата на Австралија испиша нова страница во историјата на овој спорт.

објавено: 13 декември 2017 - 21:15

Релин Кастл е новиот извршен директор на австралиската рагби Унија.

Ништо чудно на прво поглед, но се до оној момент кога ќе се забележи дека станува збор, односно за првата жена на така висока функција во овој популарен спорт, особено надвор од границите на Стариот континент.
Но од оваа Унија порачаа дека Кастл е една импресивна личност, со одлични работни услеси во својата кариера. И како што се наведува во „трката" победила повеќе од двеста кандидати за таа позиција.
Па на прес-конференцијата Кастл не го криеше своето „чудење" зошто медиумите се толку фасцинирани од изборот. Односно зошто е толку важно што е првата жена со така висока функција во спортот.

„Реалноста е таква во спортот владее рамноправност на половите. Луѓето од двата пола придонесуваат за развој на спортот, пред се на теренот. Затоа мислам дека ова и не е некој револуционерен чекор. Мислам на фактот дека сега една жена е извршен директор. Јас сум секако возбудена поради шансата која ми е дадена"- вели Кастл.

Претходно оваа жена беше предводник на нетбол сојузот на Нов Зеланд, како и на еден тим во Националната лига на Австралија.
Навистина интересно, зарем не?

Најново во Други спортови