ФАНТАСТИЧЕН ФИНИШ НА СЕДМАТА ЕТАПА

Јуан со прва победа на Џирото по драматичниот фото-финиш (ВИДЕО)

Австралиецот Кејлеб Јуан го издржа нападот на Фернандо Гавирија и Сем Бенет за да стигне до првата победа на Џиро Д'Италија, добивајќи го спринтот на седмата етапа од Кастровилари до Алберобело

објавено: 12 мај 2017 - 18:30

Јуан ја остави првата недела на фрустрации на Џирото со одличен финиш на инаку досадната етапа од 224 километри.

22-годишниот Австралиец доби одлична поддршка од неговиот тим Орика-Скот и имаше добра позиција во техничкиот финиш со кривина. Ирецот Бенет (Бора-Хансгрое) и Колумбиецот Гавирија (Квик Степ Флорс) немаа сили да се спротистават на неговиот пеколен финиш.

Топ 5 го комплетираа Германецот Андре Грајпел (Лото Судал) и Белгиецот Јаспер Стајвен (Трек Сегафредо), додека во генерален пласман ситуацијата остана иста - Луксембуржанецот Боб Јунгелс заврши во главната група за да остане со „маља роса“ со предност од 6 секунди пред Британецот Герант Томас (Скај). 

Најново во Други спортови