АМЕРИКАНЦИТЕ ОДАТ ДО НАЈСИТНИТЕ ДЕТАЛИ

Колку навистина јадел Мајкл Фелпс?!

Најодликуваниот олимпиец на сите времиња говори за своите (некогашни) навики, пред се за исхраната, и секако, негира дека внесувал и по 12.000 калории дневно за да има доволно енергија за ригорозните тренинзи...

објавено: 17 јуни 2017 - 15:45

„Не верувајте во сето она што ќе го прочитате, тие приказни се бесмислени, Апсолутно не е точно дека сум јадел 12.000 калории на ден. Реалната цифра е некаде помеѓу осум и десет илјади калории, и тоа додека бев на врвот, затоа што навистина во тие моменти имав голем напредок. Тоа навистина не беше лесно да се издржи".

Ова е цитатот на славниот американски пливач, Мајкл Фелпс, особено значаен по тоа што конечно е отфрлен често раскажуваниот „мит" од 12. илјади калории, макар што и овие осум звучат исто така – импресивно.


На сајтот на „Ју-есеј-тудеј", направено е потенцијалното дневно мени, кој се состои од здрави намирници, и кои во крајниот збир даваат токму осум илјади калории.
Оттука, дневната исграна на овој 193. сантиметри висок и 88. килограми тежок пливач, најдобриот во историјата на олимпизмот, би можела да изгледа вака:

22. јајца
3. чоколатца со житарици
14. спортски напитоци од 500мл.
4. порции ориз
2. овошни салати со житарици
8. пилешки гради
4. банани
Тие намирници во енергетскиот збир даваат 8.000 калории, што во оној врвен стадиум во кариерата беше минимум за 31.годишниот американски пливач кој сега ужива во спортската пензија.

Најново во Други спортови