„ЕЛ ПИСТОЛЕРО“ СО ФУРИОЗЕН ФИНИШ НА КАРИЕРАТА

Контадор се збогува со победа на Англиру!

Алберто Контадор стигна до емотивна победа на врвот Англиру, добивајќи ја 20. етапа на Вуелта Еспања, за прва победа оваа сезона, која е последна во неговата кариера, додека Крис Фрум има уште една етапа за да ја освои првата титула

објавено: 9 септември 2017 - 19:30

Контадор, кој имаше неколку неуспешни напади последните денови на планинските етапи, конечно успеа да се одвои во етапата од Корвера до Англиру по кратки 117.5 километри, за да стави печат во блескавата кариера во која стана еден од четирите велосипедисти со победи на сите три големи трки (Тур де Франс, Џиро Д’Италија и Вуелта).

Зад него со 17 секунди заостанување на целта стигнаа колегите од Тим Скај, Вутер Пелс и Крис Фрум, резултат со кој се става печат на титулата за шампионот од Тур де Франс. Фрум има предност од 2:15 пред Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), кој имаше слаб ден, но успеа да остане втор во генерален пласман. Илнур Закарин (Катјуша), скокна на третото место во генерален пласман со 2:51,  додека Контадор сега е четврти со 3:11. 

Најново во Други спортови