ПОРАНЕШНИОТ ШАМПИОН ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА E ЛУТ

Луис: Мечот Мејведер-Мекгрегор е смешен

Британската боксерска легенда, Ленокс Луис влезе во остар напад на договорениот меч меѓу непоразениот Американец Флојд Мејведер и ирската УФЦ ѕвезда, Конор Мекгрегор

објавено: 18 јуни 2017 - 21:00

Мејведер и Мекгрегор по неколку месеци преговарање потврдија дека дуелот ќе се оддржи на 26 август во Лас Вегас, во меч во кој двајцата ќе заработат речиси 100 милиони долари. Но, Луис, еден од најуспешните боксери во историјата, вели дека договоренито меч е „смешен“.

„Навистина не можам да го сфатам сериозно тоа. Мејведер е најдобриот во својата тежинска класа, и никој не може да го допре. Зошто тогаш боксува со човек до друг спорт? Тоа е навистина смешно. Зборувате за една дисциплина во која ги користите само рацете и правите нешто што малкумина го умеат. Нормално, Флојд ќе го нокаутира. Не би го купил тој меч на пеј-пер-вју, но резултатот ќе ме интересира. Знам кој ќе победи, така што нема смисла да го гледам“, вели Луис.

Со него се согласуваат и други боксерски легенди. Оскар де ла Хоја, американскиот боксер, кој сега работи како промотер неодамна побара да се спречи мечот кој ќе донесе само „срам“ на боксот, додека британскиот боксер Рики Хетон, вели дека се работи само за забава, а не за спорт.

„Не сум голем фан на тој дуел. Гледам УФЦ и го почитувам Мекгрегор, бидејќи има карактер, возбудлив е и знае да се бори. Но, тој не е боксер. Ова ќе биде добра забава, и само тоа“, вели Хетон.

Најново во Други спортови