ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО МЕГА-ДУЕЛОТ НА ДВЕТЕ ЅВЕЗДИ

Мекгрегор потпиша, останува уште Мејведер

Шампионот од ММА, Конор Мекгрегор, тврди дека има склучено договор за меч со Флојд Мејведер Јуниор во боксерски ринг.

објавено: 18 мај 2017 - 21:50

Мекгрегор, кој е УФЦ шампион во лесна категорија ги завршил своите преговори и се надева дека во следните денови и непоразениот боксерски шампион ќе го потпише договорот.

„Чест е да имам ваков договор, кој е историски. Сега чекаме на промотерот Ал Хејмон и неговиот боксер“, изјави Мекгрегор.

Мејведер се пензионираше во септември 2015 откако го израмни рекордот на Роки Марчано од 49-0 со победа на Андре Берто.

Најново во Други спортови